Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе биде подложен на операција на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство и ќе го пропушти почетокот на следната сезона. Сезоната во шпанското првенство завршува викендов, а потоа, од 14 јуни до 13 јули, Реал ќе игра на Светското клупско првенство во САД.

Како што објави „Атлетик“, Белингам ќе биде во составот за тоа натпреварување, но потоа ќе биде опериран, според одлуката на клубот. Англискиот фудбалер се мачи со повреда откако падна и се здоби со повреда на рамото во текот на натпреварот против Рајо Ваљекано, во ноември 2023 година. Тој ја одложи операцијата и беше принуден да игра со цврсто преврзано рамо за да спречи понатамошни повреди. Се очекува 21-годишниот фудбалер да отсуствува околу 12 недели, што ќе го одложи почетокот на сезоната 2025/2026.

ИЗДВОЕНИ