
Шпанскиот гигант Реал (М) беше поразен со 4:0 во полуфиналето на Светското клупско првенство од европскиот клупски шампион, тимот на ПСЖ. Тоа беше последниот натпревар на Лука Модриќ во дресот на „кралскиот клуб“, а се чини дека беше последен и за уште тројца играчи на Реал (М), бидејќи клубот, според „Фичајес“, повеќе не смета на нив и сака да ги продаде до крајот на летниот преоден рок.
Модриќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, а со него ќе го напуштат клубот и Родриго, Дани Себаљос и Брахим Дијаз. Според шпански извор, новиот тренер Чаби Алонсо не ги гледа во комбинациите за одредените позиции во тимот и клубот ќе се обиде да заработи со нивна продажба.
Родриго, некогаш голема надеж на клубот кога е во прашање нападот, одигра само 93 минути за време на целото Светско клупско првенство, појавувајќи се во три од шесте натпревари на Реал (М).
Брахим Дијаз, без оглед на неговата енергија и претходни блескави моменти, беше тргнат настрана, а играчот од средниот ред Себаљос исто така претрпе пад во хиерархијата, откако доби само 70 минути на четири натпревари на Светското клупско првенство.
Следното поглавје од нивните кариери нема да биде напишано на „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат медиумите и се додава дека процесот на промени во клубот веќе започнал.