
Реал (М) ја заврши минатата сезона без трофеј, а моментално, не се мали шансите истото да ги повтори и оваа година. После елиминацијата во Купот на Шпанија, на „кралскиот клуб“ му останува да се бори за трофејот во Ла Лига, каде што е зад Барселона, и во Лигата на шампионите, каде за противник во баражот за 1/8 финалето го има португалскиот гигант Бенфика.
Клупскиот претседател, Флорентино Перез, важи за човек кој не трпи порази. Доаѓањето на Килијан Мбапе не му помогна премногу, па првиот човек на „кралскиот клуб“ подготви неколку врвни засилувања за летото.
Она што е сосема јасно и сигурно е дека Ендрик се враќа во клубот. Бразилецот експлодираше на позајмицата во Лион и во Мадрид повеќе нема дилема.
Ендрик ќе биде клучен играч следната сезона, а клубот го враќа и најдобриот играч во дресот на италијанскиот калчолигаш Комо, Нико Паз.
Тоа не е сè затоа што Перез е подготвен да го засили средниот ред, а негова главна желба е играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез.
Веќе е познато каква ќе биде понудата. За Аргентинецот, „Лос Бланкос“ ќе му го понудат на лондонскиот тим Французинот Едуардо Камавинга и 60 милиони евра.
Во Мадрид се надеваат дека ова ќе биде доволно за да ги убедат „сините“, а тоа што Енцо сака да се приклучи на Реал е секако олеснителна околност.
Првиот човек на „кралевите“ би можел да активира уште „две бомби“ за паметење. Желба на сите е Португалецот Витиња од ПСЖ, но неговата моментална цена е превисока засега.
Францускиот шампион бара минимум 200 милиони евра, Реал (М) не е подготвен да издвои толку пари во моментов, но дефинитивно ќе се обиде да ја намали цената.
Витиња се гледа на „Сантијаго Бернабеу“ како вистински наследник на Лука Модриќ, па понудата од Реал (М) нема да биде изненадување.
Спектакуларниот трансфер на Ерлинг Халанд се споменува тивко, затоа што моментално е нереален, но со Реал (М), апсолутно ништо не е невозможно.
Флорентино Перез одлучи да создаде моќен тим од кој ќе сите ќе се плашат, но главното прашање е дали ќе може да го направи тоа веќе ова лето.
Треба да се напомене и дека Реал (М) бара и одбранбени решенија, па затоа трансфер пазарот по Светското првенство ќе биде многу интересен.











