Реал (М) подготви револуција и има голема поддршка од Барселона!

151

Пред почетокот на сезоната 2024/25, форматот на сите европски натпреварувања, предводени од Лигата на шампионите, бешее променет. Најзначајната промена беше воведувањето на лигашка фаза наместо групна фаза.

Првото издание на Светското клупско првенство неодамна се одржа откако ФИФА го прошири бројот на учесници на 32. Следниот настан од ваков обем е закажан за 2029 година. Претставниците на Реал (М), предводени од Флорентино Перез, сакаат Светското клупско првенство да биде следната револуција.

Според британски „Гардијан“, Реал (М) предводи група клубови кои сакаат турнирот да се одржува на секои две години, наместо на секои четири, а тоа не е сè. „Кралевите“ вршат притисок врз претставниците на ФИФА да одобрат турнир со дури 48 екипи, 16 повеќе од сегашниот формат. Интересно, и следното Светско првенство ќе биде со сличен формат.

Барселона е меѓу екипите кои го прифатија предлогот на Реал (М), а Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Наполи се исто така во согласност со мадридскиот клуб.

Доколку ФИФА ја одобри оваа промена, тоа ќе бара револуција во фудбалскиот календар. Сепак, малку е веројатно дека нешто ќе се промени пред 2030 година. Ова е затоа што ФИФА и Европската клупска асоцијација постигнаа договор за распоредот до тој датум.

Мислењата за сите овие промени се мешани, а последното клупско светско првенство не беше баш успешно. Многу фанови изразија загриженост дека турнирот е излишен и многумина веруваат дека сè се прави заради парите и дека играчите едноставно немаат многу време за одмор.

Сепак, очигледно е дека клубови како Реал не се грижат за мислењата на играчите или нивната физичка состојба, па затоа сакаат уште повеќе натпревари, што носи поголем приход од телевизиските права.

Следното Светско клупско првенство би можело да се одржи во Катар. Како и во пресрет на Светското првенство во 2022 година, навивачите се огорчени и ја критикуваат ФИФА за нејзината одлука да ги додели правата за домаќинство на земја која е погодена од сериозни обвинувања за кршење на човековите права, широко распространета корупција и недостаток на автентична фудбалска атмосфера.

На социјалните мрежи веќе може да се најдат бројни коментари во кои се сугерира дека такво натпреварување треба да се организира некаде во Европа, но веќе на сите им е јасно дека со години и ФИФА и УЕФА честопати се водат од добра добивка, а не од спортски и логични потези.

 

ИЗДВОЕНИ