Реал (М) не може да одолее на понудата, го продава Винисиус

4169
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Винисиус Жуниот несомнено беше главна ѕвезда на Реал (М) во последните неколку сезони, но во последната година сè се сврте и тргна надолу откако не успеа да ја освои „Златната топка“.

Бразилецот ја има веројатно најлошата сезона откако се приклучи на Реал (М), а дури е откриено дека новиот шеф на стручниот штаб Чаби Алонсо не е премногу задоволен од настапите на крилниот напаѓач.

Познато е дека Реал и Винисиус долго време беа во преговори за продолжување на неговиот договор, кој истекува за две години, но пред неколку дена беше објавено дека тие се прекинати.

Реал (М) веќе не е сигурен дали Винисиус е толку недопирлив кога станува збор за продажба, особено откако се појавија информации дека би можеле да инкасираат неверојатни 350 милиони евра од трансферот на бразилскиот интернационалец.

Веќе некое време се шпекулира дека Винисиус би можел да се упати кон Саудиска Арабија, каде што прават сè што можат за да го доведат во својата лига, а понудата што ја подготвуваат е таква што ниту еден од најголемите клубови во светот не може да ја одбие.

Фудбалската јавност зуи дека се подготвува понуда за Винисиус каква што спортот никогаш порано не видел, а доколку се постигне договор, јасно е дека овој трансфер би ги срушил сите рекорди.

Имено, Саудијците се подготвуваат да го срушат рекордот со понуда од 350 милиони евра за Винисиус, а дури ни „Кралевите“ не можат да ѝ одолеат бидејќи покажаа дека би прифатиле таква понуда.

На Винисиус му беше понуден петгодишен договор вреден нереална милијарда евра и на сите им е јасно зошто Бразилецот сериозно почнал да размислува за заминување во Саудиска Арабија.

Иако неодамна тврдеше дека нема да го напушти Реал (М) уште долго време, се чини дека се случил пресврт, бидејќи е речиси невозможно да се каже не на ваквите понуди.

Доколку трансферот се реализира, Винисиус ќе биде најскапиот играч во историјата на фудбалот и ќе го сруши рекордот од 2017 година кога Барселона го продаде Неимар на ПСЖ за дури 222 милиони евра.

Во Реал се подготвени да го пуштат Винисиус за тие пари бидејќи би инвестирале во доведување на неколку квалитетни засилувања.

Родри и Ибрахима Конате се на листата на желби, а „Кралевите“ дефинитивно би барале засилувања во нападот како замена за Винисиус.

 

ИЗДВОЕНИ