Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 1-0 против Уникаха од Малага во полуфиналната серија од АЦБ лигата. Реал ја декласираше Уникаха во првиот натпревар на домашен терен со 99:81. Веќе во првата четвртина можеше да се претпостави во кој правец оди мечот бидејќи Реал го доби првиот период со 29:14. И во следните три периоди, Реал беше подобриот противник, зголемувајќи ја својата предност на конечни 99:81.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џанан Муса со 23 поени, два скока и една асистенција, Марио Хезоња запиша 13 поени, додека на спротивната страна прво име беше Еџим со 13 коша.

ИЗДВОЕНИ