Шпанскиот кошаркарски стручњак, Чус Матео, повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми. Тој помина три години на клупата на „кралскиот“ клуб, а ќе биде заменет од Серџо Скариоло, актуелниот селектор на Шпанија, кој ќе пристигне во клубот по Евробаскетот.
Хуан Карлос Санчез, кој беше директор за кошаркарски операции 15 години, исто така заминува и ќе биде заменет од Серхио Касио Родригез.
На почетокот на својата кариера, Матео беше асистент во Реал Мадрид, неговата прва самостојна работа беше во Сарагоса, а по Фуенлабрада и Уникаха, се врати во главниот град. Тој беше асистент во Реал од 2014 до 2022 година, пред да ја добие својата шанса. Со Реал Мадрид ја освои Евролигата во 2023 година, шпанското првенство во 2024 и 2025 година и Шпанскиот куп во 2024 година.