Реал (М) конечно ја одреди судбината на својата ѕвезда

1326
epa11898593 Real Madrid's Kylian Mbappe (C-R) and his teammate Jude Bellingham (2L) talk to referee Munuera Montero during the Spanish LaLiga soccer match between CA Osasuna and Real Madrid, in Pamplona, Navarra, Spain, 15 February 2025. EPA-EFE/Villar Lopez

Шпанскиот гигант Реал (М) имаше прилично лоша сезона според добро познатите станадардии, сезона која ја заврши без трофеј.

Барселона ги освои сите три домашни трофеи „директно пред носот на вечниот ривал“ – шпанскиот Суперкуп, Кралскиот Куп и трофејот од националното првенство.

Резултатот од сето ова беше заминувањето на Карло Анчелоти од клубот и доаѓањето на Чаби Алонсо на жешката клупа.

Шпанскиот стручњак започна добро на Светското клупско првенство, но во полуфиналето следеше дебакл, тежок пораз од ПСЖ (4:0).

Сега мадридскиот тим се сврте кон подготовките за новата сезона во шпанската Ла Лига, која започнува за нешто помалку од еден месец.

Составен дел од подготовките е составувањето на играчкиот кадар, односно одредувањето на кои играчи може да се смета, а на кои не.

Реал (М) веќе потврди неколку дојдовни трансфери ова лето, па така досега во клубот пристигнаа Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно.

Покрај дојдовните трансфери, секако ќе има заминувања, а еден од играчите што најмногу се споменуваат во контекст на напуштањето на „Сантијаго Бернабеу“ е Родриго.

Бразилецот е поврзуван со голем број европски клубови, вклучувајќи ги ПСЖ, Арсенал, па дури и лутиот ривал Барселона.

Сега, шпанските медиуми ги објавија најновите информации за иднината на Родриго, а според нив, Бразилецот е најблиску до Ливерпул.

Наводно, Реал (М) чека покана од „црвените“ за да започнат официјалните преговори за трансферот, а клубот од Мерсисајд е во предност за доведување на Родриго.

Шпанските медиуми додаваат  дека преговорите меѓу двете страни би можеле да започнат веќе следната недела и ќе биде интересно да се следи како ќе се одвиваат.

 

ИЗДВОЕНИ