Екипата на Барселона беше елиминирана од Монако во драматичната мајсторка во четврт-финалето на Евролигата, а, на крајот на краиштата, се чини дека остана и без центар. Според „Мундо депортиво“, нигерискиот кошаркар Чимези Мету ќе го напушти клубот и од следната сезона ќе ги брани боите на неговиот најголем ривал, тимот на Реал Мадрид.

Чимези Мету, кошаркар висок 208 сантиметри, кој игра на позициите крилен центар и центар, блескаше во редовите на Барселона оваа сезона. Во просек, тој бележеше по 11,8 поени, 4,8 скока и 1 асистенција, а откако се повреди во март, кога ја скина Ахиловата тетива, клубот одлучи да му понуди значително помалку пари од планираното. Причината за ова е сериозната повреда, бидејќи се очекува да отсуствува најмалку девет месеци, односно не се очекува повторно да излезе на теренот во 2025 година. Сепак, Реал е пополнет на сите позиции и, очигледно, е подготвен да чека тој да заздрави, а потоа да придонесе за тимот.

ИЗДВОЕНИ