Реал (М) го продава Винисиус, преговорите веќе започнаа

326
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Винисиус Жуниор има договор со Реал (М) до летото 2027 година, а челниците на клубот работат на негово продолжување.

Сепак, односот меѓу двете страни се чини дека станува се поладен, откако бразилскиот напаѓач повторно ја одби понудата од „кралевите“.

Според „Индикаила њуз“, Винисиус е подготвен да го напушти Реал (М) ова лето. Манчестер Сити започна преговори со агентите на бразилската ѕвезда, а тој не би рекол не на трансфер во тимот на Пеп Гвардиола.

Сепак, Винсиус со право е загрижен во врска со 115-те обвиненија за финансиски криминал против „граѓаните“, но шефовите на Сити се обидуваат да го уверат дека неговиот престој нема да биде засегнат од овие прашања.

Реал (М) исто така би бил спремен да се откаже од Винисиус, а цената е веќе одредена на 150 милиони евра.

Сега останува да се види дали Манчестер Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бараат „Галактикосите“.

Според шпанските медиуми, Бразилецот неодамна одбил нова понуда од Реал (М), и се чини дека крајот на соработката е се поблиску.

„Кардена СЕР“ тврди дека бразилскиот фудбалер сака плата еднаква на онаа на Килијан Мбапе (приближно 30 мил. евра), но и дарежлив бонус за потпишување.

Реал (М) не би сакал да вложи толку голем финансиски напор, а тоа би можело да доведе до разделба на двете страни.

Да потсетиме дека во 2018 година, Вини пристигна во Реал (М) од Фламенго за 45 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ