
Враќањето на Жозе Мурињо во Реал (М) сè уште не е официјално потврдено, а првите големи желби на португалскиот стручњак за новиот проект на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се појавуваат.
Според шпанските медиуми, Мурињо го идентификувал брилијантниот Италијанец како приоритетно засилување за одбраната на „кралскиот клуб“ и наводно веќе разговарал со италијанскиот репрезентативец за евентуален трансфер во Мадрид.
Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, долго време се поврзуваше со Барселона, но сега нејзиниот најголем ривал сериозно се вклучи во целата приказна.
Мурињо наводно верува дека Бастони е идеален лидер за новата одбрана на Реал поради неговата смиреност, квалитет во носењето на топката и искуство на најголемата сцена. „ОК Диаро“ пишува дека Бастони веќе му кажал на Мурињо дека доаѓа и дека е подготвен да биде дел од неговата нова епизода во Мадрид.
Италијанецот има договор со Интер до 2028 година, а клубот од Милано нема лесно да го пушти да си оди. Шпански извори тврдат дека трансферот би можел да достигне дури 70 милиони евра, што Реал (М) наводно го смета за прифатлива инвестиција доколку Мурињо го добие главниот збор во реконструкцијата на тимот.
Целата приказна добива посебна тежина поради фактот што Бастони со години е еден од најважните играчи на Интер и еден од најпочитуваните левоноги дефанзивци во Европа. Според медиумите, токму ова е профилот што Мурињо го сака во срцето на одбраната на Реал.
Доколку трансферот навистина се реализира, тоа би бил уште еден голем удар меѓу двата најголеми шпански ривали, бидејќи Барселона долго време се смета за фаворит во трката за потпис на италијанскиот интернационалец.
„Мурињо разговараше директно со Бастони и го убеди да потпише за Реал (М)“, окри новинарот на „Ок Дијарија“.
„Тој сака да биде негов лидер во одбраната. Го сака што е можно поскоро бидејќи Италија не оди на Светското првенство“, додаде Серано.
Сепак, Серано го нагласи претстојниот изборен процес во Реал Мадрид, кој значително влијае на плановите на сегашниот Одбор на директори, на чие чело е Флорентино Перез.
Перез, кој се кандидира за уште еден мандат, ги одложи изборите по две тешки кампањи за да ја обезбеди легитимноста на членовите на клубот и да продолжи да работи на „многу историја што сè уште треба да се напише“, според транспарент што го постави актуелниот претседател во близина на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.











