Вчерашната церемонија за доделување на „Златната топка“ за 2025 година беше навистина долга, и по долго чекање, името на победникот конечно беше откриено. По неколку месеци шпекулации, најдобриот играч во светот ја доби својата награда на церемонија во Париз.
Главен фаворит за победа беше играчот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, кој на крајот и сосема очекувано дојде до наградата. Покрај него, меѓу фаворитите беа и Ламин Јамал, Мохамед Салах и Рафиња.
По поразот од Дембеле, Јамал се однесуваше како господин, се смееше и аплаудираше, а сè беше снимено од камерите.
OUSMANE YOU DID IT! #ballondor pic.twitter.com/0eiclvXuXN
— Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025
Французинот доби овации додека се качуваше на сцената за да го подигне освоениот трофеј. Откако му го врачи трофејот легендарниот Роналдињо, Дембеле имаше што да каже.
- Добивањето на оваа награда од една од најголемите легенди на сите времиња, не можам да поверувам. Ја добив оваа награда благодарение на тимот. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Благодарност и до Барселона, клубот од моите соништа. Играв и со Лионел Меси, благодарение и нему, научив многу од него, рече Дембеле.