Kонцесионерите на минерални суровини од регионот ќе добиваат институционална поддршка, но исклучиво со целосно почитување на законите, еколошките стандарди и обврските кон државата и граѓаните.

– Развој – да, но со правила што важат за сите. Компаниите што инвестираат и работат согласно со стандардите се наши партнери. Но државата ќе биде присутна на терен – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Дел од концесионерите сметаат дека за долгорочно планирање и нови вложувања е неопходна поефикасна институционална координација и побрзи постапки. Како конкретен чекор во таа насока, најавено е отворање на канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп, со цел поголем увид во работата на концесионерите, поефикасна контрола и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот. Според најавите, засилениот инспекциски надзор треба да придонесе за изедначување на стандардите и зголемување на транспарентноста во секторот.

Божиновска смета дека македонскиот мермер претставува препознатлива трговска марка со сериозен извозен потенцијал, но додаде дека ресурсите мора да создаваат поголема додадена вредност во домашната економија.

– Рударството има силна економска улога, но само кога е модерно, одговорно и транспарентно. Нашата цел е повеќе финална обработка во државата, повеќе работни места и реална корист за локалните заедници – истакна Божиновска.

 

ИЗДВОЕНИ