Министерството за финансии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе разменуваат професионални искуства што треба да придонесат кон развој на јавните политики преку дигитални и иновативни решенија.

– Министерството за финансии и ФИНКИ, водејќи се од своите мисија и цели, преку овој меморандум отвораат можност за заедничко дејствување и соработка на широк спектар активности што се од заемен интерес – изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која потпиша меморандум за соработка со деканот на ФИНКИ, проф. д-р Петре Ламески.

Министерството и ФИНКИ ќе соработуваат во поглед на спроведување истражувања и анализи, изработка, учество и имплементација на проекти, активности поврзани со усовршувањето преку обуки, конференции семинари и сл., поддршка на процесот на дигитализација на МФ, поблиска соработка на Академијата за јавни финансии (сектор во рамките на МФ) со ФИНКИ, ангажирање експерти од МФ во наставниот процес на Факултетот, дополнителна обука, усовршување и развој на вештините на вработените во МФ и други форми на размена на знаења и искуства.

ИЗДВОЕНИ