Разрешениот градоначалник на Истанбул доби нова затворска казна

24

Истанбулскиот суд го осуди градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, главен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на нова затворска казна поради навреда и заканување на главниот обвинител на градот, објавија турските медиуми.

Казната затвор од една година и осум месеци мора да ја потврдат два апелациони суда, а Имамоглу е во затвор од март, чекајќи судење по одделни обвиненија за корупција.

Ова е втор пат Имамоглу да биде осуден за навреда на јавни службеници, а во 2022 година беше осуден на две години и шест месеци затвор поради критикување на изборните службеници за нивната одлука да ги поништат изборите во Истанбул во 2019 година, на кои го победи кандидатот на владејачката партија АКП.

Тој поднесе жалба на пресудата, но таа сè уште не е разгледана, а Имамоглу ги негира обвиненијата, објави Ројтерс.

„Се борев против злоупотребата на судството и против користењето на судството како политичка алатка. Ова е вистинска навреда за нашата нација“, рече Имамоглу, според турските медиуми.

Имамоглу, кој е еден од главните политички ривали на претседателот Реџеп Таjип Ердоган, беше уапсен на 19 март под обвиненија за корупција. Судот на 23 март ја продолжи мерката притвор, а неколку дена подоцна Градскиот совет на Истанбул го суспендираше од функцијата.

На рочиштето присуствуваа неговиот адвокат, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Oзгур Oзел, локални партиски функционери, пратеници и неговата сопруга.

И покрај правните проблеми, Имамоглу беше прогласен за официјален претседателски кандидат на CHP за изборите во 2028 година. Меѓутоа, анулирањето на неговата универзитетска диплома во март ја доведува во прашање неговата можност за кандидатура.

Неговото апсење предизвика масовни протести, кои се оценуваат како најголеми во Турција од 2013 година наваму.

ИЗДВОЕНИ