четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Разорна експлозија на гас во Карачи однесе 16 животи

Разорна експлозија на гас во Карачи однесе 16 животи

9
EPA/REHAN KHAN

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија во пакистанскиот град Карачи. Полицијата и спасувачките екипи соопштија дека дел од зграда се урнала во експлозијата.

Продолжува потрагата по преживеани или тела во урнатините.

Експлозијата се случила додека луѓето подготвувале оброк пред зори на првиот ден од муслиманскиот свет месец Рамазан во станбена област во Карачи, главниот град на покраината Синд, соопшти локалната полиција.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари изрази сочувство до семејствата на жртвите и им нареди на властите да им обезбедат најдобра можна медицинска помош на повредените.

Тој, исто така, повика на брзо завршување на спасувачките операции и ја повика покраинската влада на Синд да спроведе темелна истрага и да спречи слични инциденти.

ИЗДВОЕНИ