Разoрен земјотрес и цунами во Јапонија: Илјадници луѓе без струја, нуклеарните постројки засега се сигурни/ФОТО/ВИДЕО

102
screenshot SCEM

Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди брегот на североисточна Јапонија денеска, при што беа повредени три лица, соопшти локалната самоуправа.

Најмалку 2.700 домаќинства останаа без електрична енергија во префектурата Аомори, каде што избувнаа два пожара, објави „Кјодо“.

По првиот силен потрес, имаше шест потреси, од кои два беа посилни – 5,6 и 4,7, а останатите беа под 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Официјално беше издадено предупредување за цунами за Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови високи до три метри.

Првото цунами беше регистрирано во префектурата Ивате на висина од 70 сантиметри, пред да биде регистрирано цунами од 50 сантиметри во Хокаидо, а Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека подоцна може да стигне до североисточниот брег поголемо цунами.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на околу 84 километри од Хачинохе во североисточниот регион на Хокаидо.

Земјотресот се случил на длабочина од 50 километри.

Енергетските компании „Тохоку Електрик Пауер“ и „Хокаидо Електрик Пауер“ соопштија дека немало неправилности во нивните нуклеарни централи во погодениот регион, што засега ги ублажува стравувањата од голем инцидент.

Сепак, според „Тохоку Електрик“, илјадници жители во моментов се без струја. Работата за поправка на мрежата и понатамошни проверки на објектите сè уште се во тек.

ИЗДВОЕНИ