Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалаци (FEVS) изрази разочарување откако ЕУ објави дека не успеала да добие ослободување од царините за секторот, кој ќе биде предмет на царина од 15 проценти во САД, пренесе „Бета“.
„Исклучително сме разочарани бидејќи работевме многу напорно за да добиеме ослободување и тоа беше на дофат. Убедени сме дека ова ќе доведе до огромни тешкотии за секторот за вино и жестоки пијалоци“, изјави за АФП Габриел Пикард, претседател на Федерацијата.
Тој рече дека царината од 15 проценти ќе биде додадена на влијанието од 15 проценти на девизниот курс со кој секторот веќе се соочува врз извозот во САД, неговиот главен пазар, поради моменталната слабост на доларот во однос на еврото.
Во 2024 година, ЕУ извезе алкохолни пијалаци во вредност од 8 милијарди долари во САД, од кои повеќе од 5 милијарди долари беа вино.
Франција учествува со половина, со 2,4 милијарди евра за вино и 1,5 милијарди евра за жестоки пијалаци. САД учествуваат со 23 проценти од нивниот извоз.
„Одбраната на нашите извозни сектори останува наш приоритет. Договорот останува отворен за можност за дополнителни исклучоци и ние работиме на тоа“, рече францускиот министер за трговија Лоран Сен Мартен.