понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ Разногласие околу економската иднина на ЕУ: Мерц и Мелони против планот „Мејд...

Разногласие околу економската иднина на ЕУ: Мерц и Мелони против планот „Мејд ин Јуроп“ на Макрон

13

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се залага за својата изразито француска визија за економската иднина на Европа, на состанокот на европските лидери овој четврток. Сепак, тој не може да смета на поддршката од Германија и од Италија, кои се скептични кон неговите големи планови и собираат поддршка за поинаков пристап, со поголем акцент на слободната трговија и на бизнисот, пишува „Политико“.

Планот на Макрон предвидува повеќе јавни инвестиции, помала зависност од трговските партнери, поразновидни синџири на снабдување, посилна поддршка за домашната индустрија преку правилата „Купувајте европско“ во јавните набавки и помалку бирократија. Но, германскиот канцелар, Фридрих Мерц, и италијанската премиерка, Џорџа Мелони, јасно ставија до знаење дека претпочитаат пристап што би ја поттикнал европската индустрија, но со помалку протекционистички нијанси за да се избегне отуѓување на потенцијалните трговски и инвестициски партнери.

– Мораме повторно да ја направиме нашата економија конкурентна – им рече Мерц на германските пратеници кон крајот на јануари, истакнувајќи дека Европа заостанува зад САД и Кина повеќе од една деценија.

На француските планови „Мејс ин Јуроп“  се спротивставуваат и Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Холандија и Шведска. Во заеднички документ објавен пред самитот, тие предупредија дека инсистирањето на европски преференции ризикува „да ги одврати инвестициите од ЕУ“.

ИЗДВОЕНИ