
Лоран Винатје, француски политиколот кој отслужува тригодишна затворска казна во Русија поради обвинување за шпионажа, е осолободен во размена на затвореници со Франција, соопшти денеска руската безбедносна агенција ФСБ. За возврат, рускиот кошаркар Данил Касаткин, затворен во Франција на барање на САД, е пуштен на слобода, објави „ФСБ“.
Винатје беше уапсен во Москва во јуни 2024 година, а руските власти го обвинија дека не се регистрирал како „стански агент“ додека собирал информаци за руски „воени и воено-технички активности“ на барање на САД, е пуштен на слобода, додаде ФСБ.
Судот го осуди и му изрече казна затвор од три години.
Во август, руската државна новинска агенција „Тас“ објави дека Винатје е обивине и за шпионажа, повикувајќи се на судски записи.
Оние кои се осудени за шпионажа во Русија се соочуиват со казна затвор меѓу 10 и 20 години.
Руската разузнавачка служба ФСБ објави дека Винатје (49) бил разменет за Данило Касаткин, руски кошаркар кој беше уапсен на аеродромот во Париз минатиот јуни и е баран од САД за сајбер напади.
ФСБ соопшти дека Винатје бил помилуван од претседателот Владимир Путин, кој минатиот месец вети дека ќе го разгледа неговиот случај кога за тоа го праша француски новинар на традиционалната годишна прес-конференција.
Винатје беше уапсен од ФСБ во јуни 2024 година во московски ресторан пред да биде осуден во октомври за кршење на закон кој бара поединци да се регистрираат кај руските власти како „странски агенти“. Додека беше во затвор, тој беше под истрага за дополнителни обвиненија за шпионажа и требаше да се соочи со судење во наредните месеци.
Винатје работеше за Центарот за хуманитарен дијалог, швајцарска организација за мирно решавање на спорови. Колегите научници тврдеа дека тој е почитуван експерт кој се занимава со научни истражувања. Винатје на судењето рече дека ја сака Русија, се извини за кршењето на законот, па дури и рецитираше стихови од познатиот руски поет Александар Пушкин.











