Размена на тела вечерва: Хамас пронајде останки на уште еден заложник

58
Foto: Pexels

Бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас, денес објавија дека ќе му го предадат на Израел телото на еден од починатите заложници, кое нивните членови го пронајдоа во Појасот Газа.

Лидерот на бригадите Касам изјави за телевизијата Ал Џезира дека нивните членови го пронашле телото на „окупациски затвореник“ додека барале тела на затвореници во населбата Туфа во Газа.

Тој додаде дека се во тек разговори со претставници на Црвениот крст за деталите за предавањето на телото.

Предавањето на телото се очекува околу 18 часот по локално време, односно 19 часот по централноевропско време.

Идентитетот на заложникот кој ќе му биде предаден на Израел засега не е објавен.

ИЗДВОЕНИ