Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека штотуку разговарал со рускиот лидер Владимир Путин.
Трамп рече дека разговорот со Путин бил позитивен, но „не таков што ќе доведе до моментален мир“.
– Токму завршив телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Разговорот траеше околу еден час и 15 минути. Разговаравме за украинскиот напад врз руските авиони, како и за разни други напади што се случуваат од двете страни. Беше добар разговор, но не разговор што ќе доведе до моментален мир – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Како што истакна, Путин многу одлучно рече дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите.
– Разговаравме и за Иран и дека времето истекува за Иран да донесе одлука за нуклеарно оружје и дека таа мора брзо да се донесе! Му кажав на претседателот Путин дека Иран не може да има нуклеарно оружје и верувам дека се согласивме за тоа. Претседателот Путин понуди да учествува во преговорите со Иран и дека можеби ќе може да помогне тие брзо да завршат. Според мене, Иран одолговлекува по ова многу важно прашање и многу брзо ќе ни треба дефинитивен одговор! – заклучи Трамп.