петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Разгледани последните измени на Законот за урбано зеленило

Разгледани последните измени на Законот за урбано зеленило

77

Потпишувањето на нови меморандуми за соработка со неколку значајни партнери, предложените измени на Законот за урбано зеленило, но и предлозите за финансискиот, наративниот и ревизорскиот извештај за работата на ЗЕЛС за 2024 година, како и измените и дополнувањата на буџетот на ЗЕЛС и Планот за јавни набавки за 2025 година, беа тема на дискусија на 128 седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. Воедно, било договорено и закажување на Осмата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС.

-Континуираното функционирање на ЗЕЛС како заедничка платформа на сите општини е од клучно значење за унапредување на локалната самоуправа. Денешната седница уште еднаш потврди дека преку отворен дијалог, соработка и споделување искуства, можеме ефикасно да одговориме на предизвиците со кои се соочуваат општините. Ваквите средби се важни затоа што од нив се носат конкретни заклучоци и насоки за делување. Убеден сум дека преку ваков заеднички пристап ќе продолжиме да градиме посилни и пофункционални општини за сите наши граѓани -изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ