Разбиени 14 криминални банди со вкупно 201 лице

122

Полицијата преку видео статистика  на интеренет страницата на МВР за достигнувањата во борбата против организираниот криминал и корупција, објави дека во текот на годината биле сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лице. Во однос на илигалната миграција во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година откриени биле 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени биле 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.

„Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, МВР спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи„ соопштуваат од МВР

 

ИЗДВОЕНИ