четврток, јануари 22, 2026
Дома БАЛКАН Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит, уапсени се 48 лица

Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит, уапсени се 48 лица

178

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми.

Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.

Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.

Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.

„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.

ИЗДВОЕНИ