Шпанскиот ракометен стратег Раул Гонзалез, кој долги години работеше во Македонија од први јуни и официјално е новиот селектор на ракометната селекција на Србија.
До неодамна тренерот на ПСЖ, и поранешен стратег на Вардар со кого во 2017 ја освои титулата во ЛШ, а беше и селектор на Македонија, во интервју на ТВ Арена Спорт, тој зборуваше на македонски јази иако слободно може да говори и на англиски.
Гонзалез си замина од Македонија во 2018, по цели седум години, а последното интервју покажа дека тој не го заборави македонскиот јазик. Во дел од интервјуто тој со прекрасни зборови се потсети на моментите кога беше во Вардар, во Македонија.