Ракометната репрезентација на Шпанија се помачи да стигне до победата над Србија (29:27) во првото коло од А – Групата на Европско првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Дуелот во Хернинг донесе Дуелот во Хернинг беше интересен за ракометните фанови иако „црвената фурија“ влезе како фаворит за победата на овој меч.
Селекторот на српската ракометна селекција Шпанецот Раул Гонзалез, не го криеше незадоволството од поразот од своите на стартот од шампионатот. Тој најмногу е незадоволен од начинот на кој неговиот тим го отвори натпреварот, но верува дека против Германија ќе се виде најдоброто од оваа Србија.
„Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но не издржавме до крај. Треба да ја подобриме одбраната, но и нападот. Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Германија. Никогаш не се знае, но јас мислам дека ќе бидеме подобри против нив, вели Шпанецот и додаде дека во Хернинг ќе го следи и настапот на македонската ракометна репрезентација
„На Македонија ѝ посакувам сè најдобро. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза на овој шампионат, но ќе биде многу тешко“, додаде шпанскиот тренер., кој претходно седеше и на клупата на македонската репрезентација.
Најефикасни во шпанската репрезентација беа Тарафета со пет и Сердио со четири гола, а кај Србија се истакнаа Којадиновиќ со шест и Илиќ и Ѓукиќ со по пет погодоци.
Во вториот натпревар од првото коло во групата А во Хернинг, Германија беше подобра од Австрија со 30:27.
Бранителот на титулата, селекција на Франција според планот го започна првенство. На отворањето на континенталниот собир, извојува убедлив триумф против Чешка со 42:28 во групата Ц.
Најпрецизен кај победничкиот тим беше Наи, Пранди и Ричардсон со по шест гола, додека за Чешка по пет имаа Широки и Солак.
Во вториот натпревар од оваа група Норвешка ја совлада Украина со 39:22. Андерсон и Блонц со седум гола беа најпрецизни во таборот на Норвешка, а одличен беше и Гуликсен со шест. За Украина се истакна Турченко со пет погодоци.












