EPA/ROBERT GHEMENT

Шпанскиот ракометен стручњак Раул Гонзалез и селекторот на Србија, ќе стане тренер на Партизан на крајот од сезоната, дознава „Моцарт спорт“. „Црно-белите“ ќе се разделат со Ѓорѓе Чирковиќ по три сезони, а него ќе го наследи шпанскиот стручњак во Хумска.

Раул се договори за двегодишна соработка со Партизан, односно до 2028 година, до кога има договор и со Ракометниот сојуз на Србија. Непосредно пред оваа информација, Партизан објави дека се разделуваат со Ѓорѓе Чирковиќ.

„Ракометниот клуб Партизан Адмирал Бет и тренерот Ѓорѓе Чирковиќ ја информираат јавноста дека, по три години успешна соработка, по завршувањето на тековната сезона, секој ќе продолжи по својот пат.

Во претходниот период беше постигнат исклучителен резултат – во рок од две и пол години, клубот ги врати сите четири домашни трофеи и со тоа ја потврди стабилноста на системот, квалитетот на работата и заедничката визија. РК Партизан Адмирал Бет сега влегува во нов развоен циклус, со јасни амбиции и долгорочни планови.

Двете страни изразуваат меѓусебна благодарност за професионалната соработка, довербата и заедничките успеси. Исто така, сакаме јасно да нагласиме дека оваа одлука доаѓа како резултат на договор и планирање на идните чекори, без никакви недоразбирања, шпекулации или скриени причини.

До крајот на сезоната, тренерот, играчите и клубот остануваат максимално посветени на нивната секојдневна работа и остварување на заедничките спортски цели.

РК Партизан Адмирал Бет и тренерот Ѓорѓе Чирковиќ им се заблагодаруваат на навивачите, партнерите и спортската јавност за нивната поддршка и веруваат дека заедничкиот крај на сезоната ќе биде на ниво на резултати и стандарди поставени во претходниот период,“се вели во објавата на профилот на Партизан на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Partizan AdmiralBet (@rk.partizan)

ИЗДВОЕНИ