Расте долгот на граѓаните и на фирмите кон УЈП

35

Управата за јавни приходи објави листа на должници бр.05/2025 за долгови достасани до 31.1.2025 и неплатени до 30.4.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжителното социјално осигурување, акцизи и царини.

Според податоците на УЈП, вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и е повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи. На таа листа се објавени 2024 должници – правни лица (повеќе за 81 од претходната листа) и 3.903 физички лица (повеќе за 37 од претходната листа). Вкупно објавениот нето-долг на листата бр.05/2025 изнесува 11.887.960.773 денари, што е повеќе за 376.104.947 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.729.342.247 денари (повеќе за 376.287.732 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.618.526 денари (помалку за 182.785 од претходната листа).

Листата е достапна, како и секој месец, на официјалната страница на УЈП.

ИЗДВОЕНИ