Расте бројот на жртви во пожарот во Домот за стари лица во Тузла, 35 се повредени: Со месеци се предупредувало на лошите услови/ФОТО

433
video screenshot Avaz TV

Според последните официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожар што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, додека 35 лица побарарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Седмиот кат од зградата на Домот за стари лица беше зафатен од голем пожар синоќа, а градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, потврди за Klix.ba дека 11 лица загинале, додека 35 побарале медицинска помош.

Според информациите со кои располага Кликс, меѓу загинатите има жители на домот кои биле на седмиот кат од зградата. Станува збор за неподвижни лица со тешко нарушено здравје.

Лугавиќ изјави дека меѓу повредените кои побарале медицинска помош има жители и вработени во домот, како и полицајци, пожарникари и медицински техничари. Според неофицијални информации, тројца од повредените се во критична состојба.

„Вонреден состанок на Градскиот совет на Тузла ќе се одржи во осум часот, по што ќе следи состанок на градоначалникот и цивилната заштита. По тој повод ќе планираме понатамошни активности, но дури откако истражните органи ќе го завршат својот дел од работата“, изјави Лугавиќ за Klix.ba.

Трагедијата е дополнително продлабочена од шокантниот факт дека на горните катови, каде што избувна пожарот, биле сместени најранливите жители – лица со деменција и тешки форми на рак, пишува Klix.ba.

Вознемирената јавност со право се прашува кој ја донел одлуката да се сместат тешко болни лица на петтиот, шестиот и седмиот кат од зградата и врз основа на што, нивните шанси за евакуација биле драстично намалени.

Жителите на домот и нивните семејства, како и одредени политичари во Тузла, со години предупредуваат за лошите услови во домот за стари лица, но одговорните останале глуви на нивните апели и предупредувања.

И покрај предупредувањата за лошите услови, раководството, предводено од директорот Мирсад Бакаловиќ (СДП), во јануари донесе одлука да ја зголеми цената на сместувањето за дури 30 проценти.

Пред помалку од два месеци, советничката од Наша партија во Градскиот совет на Тузла, Драгана Гагро Берберовиќ, го привлече вниманието на јавноста кон условите во кои живеат жителите на Домот за стари лица во Тузла. Објавеното видео и фотографии ја вознемирија јавноста, а раководството на Домот покрена постапка против Гагро Берберовиќ.

Паднаа првите оставки по трагедијата во Тузла: 11 лица загинаа во Домот за пензионери, повеќе од 30 се повредени

ИЗДВОЕНИ