Во јули, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од еден процент, соодветно, при годишно зголемување од 9,8 проценти и 15,3 проценти соодветно.
Тој месец, автомобилските кредити биле повисоки за 1,8 проценти на месечна основа, а на годишна основа забележале пад од еден процент.
Кредитите одобрени на кредитните картички биле непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво оствариле пад за 7,4 проценти.
Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи биле намалени за 1,8 проценти и 0,7 проценти во споредба со претходниот месец, соодветно, додека на годишна основа биле пониски за 4,9 проценти и 9,2 проценти, соодветно.