Граѓаните продолжуваат да им веруваат на банките и своите пари ги оставаат таму на чување. Според извештајот на Народната банка, во јуни годинава, вкупните депозитни пари пораснале за 0,9% на месечноп ниво, односно  годишниот раст е 12,9%, што произлегува од повисоките депозити на двата сектора, при поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.11,3%.

‒ Во јуни 2025 година, вкупните кредити се зголемени за 1,6% и 13,0% на  месечно и на годишно ниво, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголемените кредити на двата сектора, при поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор.  Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јуни, бележат месечен раст од 3,1%, во најголем дел како резултат на зголемувањето на депозитните пари, при дополнителен раст и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска валута забележаа пад. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор остварија зголемување од 14,6% под влијание на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во денари и во странска валута и долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на долгорочните депозити во странска  валута – в елат од Народната банка.

Во јуни, кредитите на корпоративниот сектор бележат месечен и годишен раст од 2,1% и 16,0%, соодветно. Вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, се речиси непроменети на месечна основа. Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се зголемени за 13,0%.

‒ Во јуни, кредитите на домаќинствата забележаа месечно и годишно зголемување од 1,2% и 10,3%, соодветно. Промената кај двете основи се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Во пораст е и кај потрошувачките и станбените кредити, од 1,0% и 1,4%, соодветно, при годишен раст од 9,8% и 15,0%. Во јуни, автомобилските кредити забележаа намалување од 0,1% и 2,8% на месечна и на годишна основа, соодветно. Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички и негативните салда на тековните сметки остварија месечно зголемување од 0,2% и 3,7%, соодветно, при годишно намалување од 7,6% и 4,2%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, во јуни, бележат месечен и годишен пад од 1,4% и 8,5% – потенцираат од Народната банка.

ИЗДВОЕНИ