Раст на берзанските индекси на Волстрит и на акциите на европските берзи

33

Берзанските индекси остро пораснаа на Волстрит во понеделникот откако САД и Кина постигнаа договор за привремено намалување на царините, ублажувајќи ги стравувањата од рецесија во најголемите економии во светот.

Индексот Dow Jones порасна за 2,81 отсто, на 42.410 поени, додека S&P 500 скокна за 3,26 проценти, на 5.844 поени, а индексот Nasdaq ја зголеми вредноста за 4,35 отсто, на 18.708 поени.

На преговорите во Швајцарија, САД и Кина постигнаа договор во текот на викендот за привремено намалување на реципрочните тарифи, според кој САД ќе ги намалат тарифите за увоз од Кина од 145 на 30 отсто, а Кина за увоз од САД од 125 на 10 отсто.

Овие мерки ќе бидат на сила 90 дена, а во меѓувреме ќе продолжат трговските преговори меѓу САД и Кина.

Поради царинскиот конфликт, трговијата меѓу САД и Кина, вредна речиси 600 милијарди долари, стагнира, предизвикувајќи прекини во синџирите на снабдување и поттикнувајќи стравувања од зголемена инфлација и рецесија. По договорот, стравувањата од рецесија се ублажени, а инвеститорите се надеваат дека наскоро ќе биде постигнат конечен трговски договор меѓу двете најголеми економии во светот.

По скокот, сите главни индекси ги надоместија сите загуби што ги претрпеа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, ги потресе глобалните берзи на 2 април, со воведувањето реципрочни царини.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,59 отсто, на 8.604 поени, франкфуртскиот DAX порасна за 0,29 проценти, на 23.566 поени, а парискиот CAC за 1,37 отсто, на 7.850 поен

ИЗДВОЕНИ