Расправија за продолжен кабел меѓу сопружници резултирала со закана дека „ќе ја фрли од прозорец“

24

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел кој што таа го купила и не сакала да му го даде да го користи.

Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да и се заканува дека ќе ја избрка од дома заедно со нивните две малолетни деца или дека ќе ја фрли од прозорецот на 4-от кат.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 8 дена за осомничениот.

ИЗДВОЕНИ