Распишан конкурс за признанието „8 Ноември“

22

Општина Штип објави Јавен повик за доделување на наградата „8 Ноември“ за 2025 година. Оваа награда, од Општина Штип, се доделува традиционално како симбол на почит за извонредни остварувања и придонес во прогресот и промоцијата на градот.

– Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, уметноста, хуманоста и други – соопштија  од Општина Штип.

Оттаму прецизираат дека секоја кандидатура треба да биде детално поткрепена и да содржи куса професионална биографија на кандидатот, заедно со комплетни информации за предлагачот.

Jавниот повик ќе трае 15 дена од датумот на објавување. Кандидатурите треба да се достават до Комисијата за доделување на признанија при Општина Штип, на адреса улица „Васил Главинов“ бб, или во писарницата на Општина Штип.

ИЗДВОЕНИ