понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Распишан јавен повик за членови на управните и надзорните одбори на јавните...

Распишан јавен повик за членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

80

Општина Битола објави јавни повици за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови на управните и надзорните одбори за материјално-финансиското работење на КЈП „Нискоградба“, ЈП ЈППЈЛП, ЈП ЗУППУ, ЈП СИЗ „Жабени“, ЈП „Пазари“, ЈП „Комуналец“ и ЈКП „Вододовод“.

Предмет на јавниот повик за секое од претпријатијата е спроведување постапка за избор на седуммина членови во управниот и тројца членови во надзорниот одбор.

Од Општина Битола информираат дека постапката ќе биде спроведена согласно со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување интерес на кандидати.

Право на учество имаат сите лица што ќе изразат интерес за пријавување и ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик.

Јавниот повик трае пет дена, односно најдоцна до 30 јануари 2026 година.

 

ИЗДВОЕНИ