вторник, јануари 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Распишан јавен оглас за добивање право за поставување рекламни паноа

Распишан јавен оглас за добивање право за поставување рекламни паноа

11

Општина Битола го објави јавниот оглас за добивање право за поставување рекламни паноа на подрачјето на Општината, по пат на јавно електронско наддавање.

Локациите и бројот на рекламните паноа се утврдени во Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни лица кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае до 18 февруари 2026 година (среда), најдоцна до 12:00 часот, а јавното наддавање ќе започне на 20 февруари 2026 година, со почеток во 10:00 часот.

 

 

ИЗДВОЕНИ