Најпријатното изненадување во кошаркарската Евролига за оваа сезона, екипата на Париз, се соочува со големи проблеми по завршувањето на тековната сезона.
Како дебитант во Евролигата, во еден момент имаше 10 победи по ред и се пласираше во плејофот, но беше елиминирана од големиот Фенербахче на патот кон Ф4.
Францускиот клуб ќе игра со многу поинаков состав следната сезона, бидејќи заминувањето на македонскиот репрезентативец Ти Џеј-Шортс и на Надир Хифи е речиси сигурно. Покрај нив, се чини дека и тренерот Тијаго Сплитер ќе ја напушти клупата, објавува шпанскиот весник „Марка“.
Според извештаите, тој добил неколку понуди од Евролигата, а размислува и за враќање во НБА, каде што беше помошник-тренер во Бруклин и во Хјустон.