Повредата на Леброн Џејмс е тежок удар за тимот на Лос Анџелес лејкерс, особено затоа што се случи непосредно пред почетокот на новата сезона. Станува збор за ишијас, кој може да биде поврзан со посериозен проблем и веќе е потврдено дека Џејмс ќе го пропушти првиот натпревар од сезоната, и тоа првпат во кариерата. Се очекува да биде надвор од терените меѓу четири и шест недели, кога воедно ќе има дополнителни прегледи на кои ќе биде констатирано дали ќе може да се врати во игра или не.

Некои медицински експерти веруваат дека, имајќи ги предвид неговото закрепнување и враќањето во натпреварувачки ритам, неговото отсуство би можело да трае и до два месеца, под услов да нема нови лоши вести. Во тој период, Лејкерс ќе одигра околу 25 натпревари и останува да се види дали ќе игра Леброн на некој од нив, пишува „as.com“.

Ситуацијата изгледа полошо откако новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија, објави нови детали. Леброн страда од оваа болка од крајот на јули, кога почна да ја чувствува по тренингот. Ова значи дека не му беа доволни повеќе од два и пол месеци да оздрави и да им се придружи на соиграчите.

Ова значи дека во овој период Лука Дончиќ ќе биде главна ѕвезда во составот на Лејкерс. Па раководството на тимот ќе може да види дали ќе може Словенецот ќе се покаже како клучна точка во проектот. Откако беше продаден во февруари, Дончиќ сега е целосно интегриран, во добра физичка форма е и неодамна потпиша за тригодишно продолжување на договорот вреден над 160 милиони долари.

На 26 години, тој влегува во своите најдобри играчки години, мотивиран да ја заборави минатата сезона и да се врати на нивото од сезоната 2023/2024, кога беше кандидат за МВП-наградата. Неговата реалност е во остра спротивност со онаа на Леброн, кој ќе игра во последната година од својот договор прв пат, без понатамошни гаранции. Тој ќе наполни 41 година во декември и тешко е да се предвидат неговите планови по јуни.

Јован Буха, еден од најстручните новинари што го следат Лејкерс, потврди дека проблемите со повторливите повреди предизвикуваат загриженост во рамките на франшизата. Тој зборуваше за тензијата и за фрустрацијата поради малиот број тренинзи што се одржуваат нормално.

  • Фрустрацијата полека расте, можете да ги почувствувате тензијата и негативноста. Не мислам дека е виновен некој, но ја фрустрира групата. Секој ден се случува нешто, Лејкерс сè уште не може ни да добие претстава каков тим има во своите раце – гласеше изјавата на Буха.

Јасно е дека сега се гради тимот околу Дончиќ, кој е четиринаесет години помлад од Леброн. Леброн пропушти 124 натпревари во седумте сезони со тимот на Лејкерс, додека во претходните петнаесет години во лигата пропушти само 71 натпревар.

 

ИЗДВОЕНИ