Европското првенство во кошарка, кое се организира на секои четири години од страна на ФИБА, стартува денеска и ќе трае до 14 септември во четири земји – Финска, Полска, Летонија и Кипар. Дваесет и четири репрезентации, поделени во четири групи, ќе учествуваат на Евробаскетот, а според ФИБА, Србија е главен фаворит кога е во прашање трофејот. По неа следуваат Германија и Франција, додека словенечката репрезентација е само на десеттото место. Големиот пад на Словенците се должи на лошите подготовки.
Словенечката репрезентација ја заврши подготвителната фаза со петтиот пораз во четвртокот, кога загуби од Србија во Белград со убедливи 106:72.
- Се обидовме да промениме одредени работи во одбраната, но не успеавме. Разликата во квалитетот беше очигледна, истакна селекторот Александар Секулиќ по натпреварот со Србите.
Секулиќ на располагање ја има најголемата ѕвезда – Лука Дончиќ, а покрај него во составот се и Клемен Препелиќ, Грегор Хроват, Алексеј Николиќ, Едо Муриќ, Ален Омиќ, Мартин Крампељ, Марк Паџен, Роберт Јурковиќ, Лука Шчука, Рок Радовиќ и Леон Стергар.
- Верувам дека ќе бидеме позитивно изненадување на Европското првенство, рече селекторот на словенечката репрезентација, Александар Секулиќ, за време на подготовките.