Во таа зграда со децении живеат „бунтовници-старокалендарци“ кои не ја признаваат управата на Вселенската патријаршија над Света Гора.
Иако полицијата отпочна истрага за нападот за кој причината не е позната и трага по непознатиот напаѓач, манастирот се жали дека грчката држава не го штити, пренесе атинска РТВ СКАИ.
„Есфигменсото прашање“ со старокалендарските монаси кои самите велат дека се опремени со „свети молотови коктели“, ја мачи Света Гора со децении.
Од 2002 година, кога е основано ново, легално братство, а старото е прогласено за „илегално“, околу 120 негови припадници, „старокалендарци“ управата на Света Гора ги сметаз а „сквотрени“- иелгални населеници, а се вели дека тие се и под руско влијание.
Од јули 2024 година, тие монаси живеат забарикадирани во една зграда во рамки на манастирскиот комплекс, очекувајќи да бидат исфрлени од грчката полиција.