вторник, февруари 24, 2026
Дома СКОПСКА Расфрлан отров во околината на игралиштето и балонот на училиштето „Блаже Конески“

Расфрлан отров во околината на игралиштето и балонот на училиштето „Блаже Конески“

27

Жители на Аеродром реагираат дека бил расфрлан отров во околината на игралиштето и балонот на ООУ „Блаже Конески“, каде што постојано има фреквенција на деца и на луѓе, но и на други локации во населбата.

Група станари го информирале Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ за ова откако било затруено куче што имало сопственик и што, како што велат, се борело за живот, за да се заштитат луѓето и животните.

Од „Анима мунди“ немаат податоци дали се затруени и други животни. Бараат веднаш да се спроведе истрага на терен, откако бил пријавен случајот.

– Според нашето досегашно искуство, се работи за препаратот „ланате“, кој е забранет за слободна употреба, а од кој пред некоја година починаа и луѓе. Овој препарат се продава нелегално – тврдат од „Анима мунди“.        

Оттаму појаснуваат дека станува збор за екстремно разорен отров, кој може да усмрти и човек и дете за пет минути, со страшна манифестација уште при самото вдишување.

– Животните испуштаат пења од устата, крвават. Манифестацијата наликува на епилептичен напад, што е страшно и за оние што го гледаат тоа и е особено опасно за оние што се обидуваат да помогнат, особено за децата – децидни се од „Анима мунди“.

(А. П.)    

 

ИЗДВОЕНИ