Екипите на ЈКП „Гази Баба“ изминатата недела беа во постојана акција, со бројни активности и одговорности.
Од Општина Гази Баба информираат дека со здружени сили посветено работеле на подобрување на хигиената, зеленилото и на јавниот простор во Општината.
-Се расчистуваа диви депонии во: Колонија, Хиподром, Виниче, стара „50“, Автокоманда, Шмеки, Железара, Триангла, Авто Миро, Маџари – во околината на ООУ „Наум Наумовски-Борче“, железниот мост Инџиково –Хиподром, Трубарево и Ќерамидница.
Исто така, претпријатието работеше и на кастрење на гранките за подобра безбедност и уредност на просторот во Хиподром, Железара, улицата „Ѓемиџиска“, Автокоманда и во Стајковци.
Воедно се косеше и одржуваше зеленилото во: Хиподром, Триангла, улицата „Благоја Стефковски“ – Маџари, рампата во Маџари, Хиподром 2, просторот кај „Мерцедес“ (по мостот), Кванташкиот пазар, МЗТ и ООУ „Наум Наумовски-Борче“. Покрај тоа, се миеше и плоштадот во Автокоманда.
Покрај тоа, беше спроведено и метење на јавните површини.
– Се метеше Автокоманда, а паркинзите и парковите во Триангла, како и улицата „Благоја Стефковски“, беа детално исчистени – соопштија од Општина Гази Баба.
Оттаму апелираат до граѓаните да не создаваат нови депонии, но и да го почитуваат јавниот простор, бидејќи тој им припаѓа на сите.