Расчистена крвавата драма во Тетово: куршумите не биле наменети за жртвата, туку за пријателот

Уапсени двајца, другите се во бегство

772

Расчистено убиството што се случи во неделата на сред бел ден во Тетово, кога во вооружена престрелка помеѓу две „закрвавени“  фамилии ликвидиран беше еден маж во автомобил „Голф“, а повредени беа и случајни минувачи, меѓу кои и едно 13 годишно девојче.

Мвр им поднесе кривични пријави на 4 инволвирани во пукањето, двајца се во притвор, а двајца се во бегство и полицијата ги бара. За убиството ќе одговара и малолетник од селото Гајре, на само 15 години земал автоматска пушка и пукал кон автомобилот во кој се наоѓале од спротивната група, во „Голфот“. За дрско убиство е осомничен и 37 годишниот Р.Т. кој беше еден од повредените , пренесен на операција во скопските клиники. Другите двајца, М.Т и З.М кои учествувале во пукањето се во бегство и се сомничат за кривичното дело Обид за убиство. Во престрелката од двете возила која по својата дрскост може да се изедначи како тие помеѓу мексичките картели, повредено беше  дете на 13 години кое се нашло на местото и 60 годишен маж кој пак остана повреден по сообраќајна несреќа причинета од брканицата помеѓу „Голфот“ и „Форд фиестата“. На осомничените им се става на товар и кривичното дело за нелегалното оружје и предизвикување на опасност бидејќи жителите на прометната тетовска населба каде има многу кафеани и продавници се уште живеаат во шок и се плашат за својата безбедност. Од тетовската полиција велат дека на неколку критични точки по нивна проценка патролираат полициски екипи, во близина на кафеаната од каде што излегле лицата од „Голфот“ и кај семејните домови на двете страни, едното во селото Гајре, другото во градот.  Мета на пукачите  бил тешко повредениот Р.Т кој се возел во „Голфот“ заедно со неговиот брат кој е во бегство М.Т и убиениот Ф.Р кој му бил пријател. Од другото возило односно Фордот, пукал З.М кој е во бегство и неговиот внук малолетникот од селото Гајре.

„Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина. Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена, информираат од полицијата.

Мотивите за престрелката која заврши со една жртва и многу повредени неофицијално се нерасчистени односи помеѓу двете семејства, и во минатото нивниот конфликт бил причина за убиство. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ