
Бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Рапфиња, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата иднина. Крилниот напаѓач откри дека нема грам вистина во информациите дека планира да направи трансфер во Саудиска Арабија и додаде дека планира да остане на „Ноу Камп“ уште неколку сезони затоа што таму се чувствува насреќен.











