Познатиот скопски хуманитарец,берберот Али Февзи, денеска започна нова хуманитарна акција за учениците од социјално загрозените семејства.
– Оваа акција ја организирам петта година по ред. Ќе се собираат ранци и училиштен прибор, неопходни за учениците – истакна Февзи.
Тој вели дека уште на почетокот од акцијата биле собрани училиштен прибор, тетратки, пенкала и друго за десет дечиња.
Неговиот план е до крајот на акцијата, која ќе трае до 30 август, да собере ранчиња и училиштен прибор за 200 дечиња не само од Скопје туку и од другите градови во Македонија.
Воедно, тој им се заблагодари на хуманите луѓе донатори, со чија помош обезбеди летување за пет семејства во социјален ризик, а следната недела ќе биде организирана и еднодневна тура за пет семејства во Грција.
Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, преку неговата хуманитарна организација „Биди Али“, во соработка со хумани луѓе, тој организираше акција во рамките на која донираше 200 табли јајца и неколку пакети храна за ранливите категории граѓани.
(А. П.)