Рамниот стомак се „гради“ во кујната – докторот на холивудските ѕвезди тврди: Балканско јадење најбрзо го топи салото на стомакот

144
Foto: Pexels

Дури и оние кои вежбаат вредно понекогаш можат да се мачат да се ослободат од салото на стомакот и тврдокорните „мишелинки“ по страните.

Често слушаме дека „рамниот стомак се гради во кујната“ и често слушаме совети за храна што треба да ја прескокнеме, но познатата диететичарка и авторка Синтија Сасе верува дека првото нешто што треба да го направиме е да направиме мудри избори во нашето дневно мени.

„Јадењето на вистинските видови храна може да ви помогне побрзо да ги изгубите мастите“, изјави таа за Today.

А која храна е всушност нашиот најголем сојузник за рамен и привлечен стомак? И ако ја прашате Синтија, тоа е гравот.

„Станувањето љубител на грав може да ви помогне да ослабете и да го намалите стомакот“, рече Сасе, додавајќи дека луѓето кои редовно јадат грав имаат помал струк и 22 проценти помал ризик од дебелина.

Популарниот американски кардиолог и телевизиска личност, д-р Мехмет Оз, се согласува.

„Гравот е полн со растворливи влакна, кои ги поттикнуваат добрите бактерии во цревата, што го намалува воспалението поврзано со маснотиите на стомакот“, рече д-р Оз, кој препорачува да се вклучи мала порција грав (една чаша) со секој оброк – дури и со појадокот.

Можеби звучи чудно, но всушност не е толку тешко – можете да додадете грав во салати и чили или, на пример, да подготвите вкусни мафини од леблебија, објавува Avaz.ba.

ИЗДВОЕНИ