Албанскиот премиер Еди Рама објави дека министерката за јавни набавки на Албанија, создадена од вештачка интелигенција, по име Диела, е „бремена“ и ќе „роди 83 асистенти на вештачка интелигенција“ за членовите на албанскиот парламент.
Рама оваа необична вест ја соопшти за време на Берлинскиот глобален дијалог на тема „Револуционерни решенија за турбулентни времиња“, објавија албанските медиуми.
„Сакам да споделам дека Диела е бремена. Очекуваме 83 деца, по еден асистент за вештачка интелигенција за секој пратеник од Социјалистичката партија. Секој од нив ќе му помага на пратеникот во подготовката на белешки, предлози и резимеа од седниците кога пратеникот не е присутен. Ова означува нова ера на интегрирање на вештачката интелигенција во албанската политика“, нагласи Рама.
આલ્બેનિયાની AI મંત્રી પ્રેગનેન્ટ બની, એકસાથે 83 બાળકોને જન્મ આપશે – આખી ઘટના જાણો વિગતે#AIMinister #AlbaniaAI #Diela #AIinGovernment #GlobalSouthhttps://t.co/SCrKdgDa97
— Tv9 Gujarati (@tv9gujarati) October 26, 2025
Тој додаде дека очекува „системот да биде целосно функционален до крајот на 2026 година“.
Министерката Диела, создадена со употреба на вештачка интелигенција, беше претставена на 11 септември на седница на Албанската социјалистичка партија.
Нејзината официјална улога е да ги надгледува сите владини набавки во земјата. Владата очекува имплементацијата на вештачката интелигенција да ги направи набавките „100 проценти отпорни на поткуп“ и дека сите тендери и јавни средства ќе бидат целосно транспарентни.
Албанските граѓани веќе ја познаваат Диела, бидејќи таа ја управува дигиталната платформа „е-Албанија“, преку која речиси сите владини услуги се достапни во електронски формат.












