вторник, октомври 20, 2026
Дома БАЛКАН Рама за протестите во Тирана: „Ова е хибридна војна – никој не...

Рама за протестите во Тирана: „Ова е хибридна војна – никој не може да ме собори со насилство“

0
EPA/FABIO FRUSTACI

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неодамнешните протести се користат за дестабилизација на земјата и за попречување на процесот на преговори со Европската Унија, нагласувајќи дека никој не може да ја собори владата со сила.

За време на средбата со директори на средни училишта во Министерството за образование – каде што зборуваше за учеството на адолесцентите во протестите, насилството врз полицијата и мерките што владата ги разгледува за да спречи повторување на вакви инциденти – Рама истакна дека протестите всушност не се поврзани со ученичката или студентската популација, иако напомена дека во нив учествуваат одредени млади луѓе со екстремни политички ставови.

„Ова е напад организиран во одредена рамка, изведен од обучени поединци и поттикнат од внатрешен оган што го разгоруваат странски актери. Станува збор за хибридна војна, во вистинска смисла на зборот“, нагласи Рама.

Тој ги отфрли тврдењата за несразмерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите, наведувајќи дека, според неговите податоци, повредени се околу 200 полицајци и 80 демонстранти.

Рама посочи дека меѓу учесниците има и маскирани млади луѓе, за кои тврди дека биле донесени од приградските населби токму со цел да шират страв и да ја напаѓаат полицијата. Тој додаде дека ова насилство го злоупотребуваат групи кои имаат за цел да создадат нестабилност и да го попречат напредокот на земјата кон европските интеграции.

„Камен во раката на некој што го фрла кон полицијата претставува оружје. Овој бран на насилство мора да запре“, изјави Рама, додавајќи дека почувствувал „голема загриженост“ гледајќи ги сцените од улиците и се запрашал дали младите луѓе што учествуваат во тоа знаат кој стои зад немирите.

Рама упати критики и кон одреден дел од медиумите, тврдејќи дека некои медиумски куќи известуваат за протестите во служба на политички, економски и властољубиви интереси – што доведува до тоа „општествената загриженост да прерасне во гнев, со цел соборување на владата“.

Се прави сè за општествената загриженост да се претвори во гнев, со цел да се собори владата – што никогаш нема да се случи“, изјави премиерот на Албанија. Албанскиот премиер изјави дека владата е отворена за дијалог со секој што нуди поинаква политичка алтернатива, и покрај фактот што владејачкото мнозинство го доби својот мандат преку гласовите на граѓаните.

Албанскиот премиер изјави дека владата е отворена за дијалог со секој што нуди поинаква политичка алтернатива, и покрај фактот што мнозинството [владејачката партија] го обезбеди својот мандат преку гласовите на граѓаните. „Владата и јас сме подготвени за дијалог со секого. Нека застанат лице в лице со мене и нека ми кажат дека треба да си заминеме, дека имаат поинаков пристап, поинаква програма. Подготвен сум да ислушам секого, каде било, без никакви услови“, рече Рама.

ИЗДВОЕНИ