среда, февруари 11, 2026
Дома БАЛКАН Рама: Судбината на одржаните протести ќе биде испишана на изборите следната година

Рама: Судбината на одржаните протести ќе биде испишана на изборите следната година

34
EPA/FABIO FRUSTACI

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес изјави дека судбината на протестите на Демократската партија на таа земја, кои се одржаа синоќа, а во кои беа повредени 21 лице, од кои 19 беа полицајци, ќе биде напишана на изборите следната година со уште поголем пораз од претходните.

На својот профил на мрежата „X“, тој реагираше на антивладините протести организирани од опозициската Демократска партија на Сали Бериша, и објави фотографии од молотови коктели што ги користеа демонстрантите.

Во исто време, тој повика на правда да ги казни луѓето кои користеа, како што рече, смртоносно оружје со кое беа нападнати и повредени полицајци во вторник вечерта од, како што рече, единствената политичка партија во демократскиот свет што практикува насилство.

„Се надевам дека правдата ќе ги задоволи повредените полицајци и без двоумење ќе ги казни носителите на ова оружје со смртоносна сила. Што се однесува до политичката судбина на овој нов циклус улични немири, таа ќе биде напишана како и обично на изборите следната година со уште попримерен пораз од претходните, додека ние ќе продолжиме со несмалена сила на патот кон Албанија 2030 во Европската Унија“, рече Рама, пренесува албанскиот Еуроњуз.

Во вторник во Тирана се одржаа протести на опозицијата, за време на кои опозицијата побара оставка од вицепремиерката Белинда Балуку поради наводна корупција, а собраните граѓани фрлаа молотови коктели кон зградата на албанската влада.

Пред зградата на владата, им се обрати лидерот на една фракција на Демократската партија, Саљи Бериша, а некои учесници фрлаа молотови коктели и огномет кон зградата, за што полицијата употреби водени топови.

ИЗДВОЕНИ